Куби, Имунологија
Клучни зборови:
имунологија, книгаКраток преглед
Оваа книга е дел од програмата на Владата на Република Македонија за преведување на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Европската унија.
Предметот Имунологија за прв пат е воведен во шестогоди{ниот систем на студии на Медицинскиот факулет во Скопје во учебната 1993/94 година. Предметот се слушаше во зимскиот семестар од трета година (5. семестар) со вкупен фонд од 30 часови (15 часа теоретска настава + 15 часа практична настава). Во почетокот целокупната теоретска и практична настава ја изведуваа наставници и асистенти по физиологија од Институтот за физиологија и наставници и асистенти по трансфузиологија од Републичкиот завод за трансфузиологија. Од учебната 2005/06 започнува Кредитниот трансфер систем на Медицинскиот факултет во Скопје, според кој предметот Имунологија се слуша со фонд на часови 30+15 во третиот семестар (втора година).
Предметот Имунологија се слуша и на Физиолошкобио хемиската насока и на насоката Аналитичка биохемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, како и на додипломските студии од другите државни факултети. Дисциплината имунологија е вклучена и во пост дипломската настава, во докторските студии како и во неколку специјализации при сите медицински факултети во Република Македонија.
Учебникот ИМУНОЛОГИЈА од Куби е основа за наставата по оваа дисциплина, главно, поради неј зините ме|ународно признати квалитети. Учебникот ги опфаќа сите подрачја од имунологијата (клетки, органи, регулаторни системи, имунолошки отстапувања) напишани на едноставен, разбирлив, но современ јазик. Секое поглавје содржи клинички фокус (во кој се опишува клиничкото значеwе на соодветното поглавје), индекс, прашања за учење, како и корисни додатоци (литература, корисни веб-страници и интерактивно учење).
Им благодарам на колешките и на колегите од Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје за внимателното и трпеливото редактирање на преведениот текст, особено за напорот да се дефинираат нови македонски поими во имунологијата и да се стандардизираат веќе постоечките поими.
Посебна благодараност им искажувам на вработените од издавачката куќа „Табернакул“ кои со висок квалитет го направија првиот превод од англиски јазик, го лекторираа редактираниот текст, технички го уредија и го отпечатија вој учебник.
Се надевам дека учебникот ИМУНОЛОГИЈА ќе им биде од корист на студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и од другите државни и приватни универзитети во Република Македонија.
Скопје, јануари 2011 година
Проф. д-р Мирко Спироски
Преземања
Објавено
Серии
Категории
Дозвола

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0 International License.



