Книга на апстракти / Трет конгрес на студенти по општа медицина, 17-18 мај, 2024, Штип, РС Македонија

Автори

Студентска организација СКОМ Штип
Факултете за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, РС Македонија

Клучни зборови:

Медицина, Конгреси, Извадоци

Краток преглед

Обраќање на Деканот на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип
Проф. д-р Милка Здравковска

 

Почитувани студенти, почитувани професори, колеги, почитувани гости,

Ми претставува огромна чест и задоволство, во име на целиот колегиум на Факултетот за медицински науки при Универзитетот ,,Гоце Делчев‘‘ Штип, да Ви посакам топло добредојде на Третиот по ред Студентски Конгрес на Општа медицина, организиран од студентите на Факултетот за медицински науки.

Посебно сме горди на овој настан, кој ги обединува сите генерации на едно место во кој главен фокус се студентите, нивните идеи и нивниот ентузијазам. Ме радува што започнатата традиција сегашните студенти ја реализираа, наредните ќе ја продолжат и од година во година со стекнатите искуства ќе ја надградуваат.

Би сакала да истакнам дека е огромно задоволство да се биде дел од ова големо медицинско и научно семејство, истовремено, голем предизвик да се следи постојаниот развој и достигнувања во современото здравство. Токму од тие причини, ваквите настани се од големо значење за вашиот иден професионален развој и научно- истражувачката кариера.

Честитки до сите членови на Организациониот одбор за сериозноста и креативноста, како во планирањето на Програмата, така и во успешната организација на конгресот во сите негови сегменти.

На крајот, би сакала да Ви посакам успешна работа, да изразам голема благодарност до сите мои колеги кои земаа активно учество на настанот и ги менторираа нашите студенти, како и до и целиот Факултетет и Универзитет, без кои сето ова немаше да биде реалност.

 

Преземања

Објавено

мај 18, 2024