Книга на апстракти / Втор конгрес на студенти по општа медицина, 9-10 мај, 2019, Штип, РС Македонија

Автори

Студентска организација СКОМ Штип
Факултете за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, РС Македонија

Клучни зборови:

Медицина, Конгреси, Извадоци

Краток преглед

Почитувани учесници,

Денес имам ретко задоволство и чест да Ви се обратам, да Ве поздравам и во името на сите кои придонесовме во организацијата и реализацијата на овој настан, да Ви посакам добредојде на „Вториот конгрес на студенти по општа медицина“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Оваа година сме посебно горди затоа што продолжуваме со нешто што со преголем ентузијазам го започнавме претходната година. Сакам посебно да ги поздравам и да им се заблагодарам на ректорот професор д-р Блажо Боев и на клиничка болница Аџибадем Систина, кои го овозможија овој Конгрес, но и на сите останати кои помогнаа во организацијата.

Она што денес ќе ви биде презентирано е плод на истражувањата и знаењата на нашите студенти, но црпени од повеќедецениското искуство во областа на медицината, која бележи сè поголем развој и во Македонија. Но, не се држиме само до македонските искуства, туку и пошироко. Програмата на Конгресот го опфаќа прогресот на медицината и на нашите колеги и во пошироки  рамки. Посебен акцент се става на практичните и на клиничките пораки, како и на најновите сознанија и техники на работа од областа на медицината.

Трудовите, кои ќе се презентираат, изобилуваат со информации за болести, медицински состојби, симптоми, повреди, историја на болести, но и за развојот на медицинската технологија за откривање и лекување на болести. Разноликоста во научната програма и богатството на работилници како за почетници, така и за искусни практичари во областа на клиничките предмети, секогаш наидуваат на голем интерес и поттикнуваат желба за стекнување на нови знаења. Се надевам дека така ќе биде и на овој Конгрес. Воедно би сакал да ви посакам убав престој во Штип, од кој, се надевам, дека ќе понесете пријатни импресии.

Со почит,
Коста Замановски

Преземања

Објавено

мај 10, 2019